Почитувани членови,
Институтот на сметководители и овластени сметководители и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се отвораат нови можности за поврзување на академското образование со практичните потреби и развојот на сметководствената професија.
Соработката ќе опфати размена на академски и професионални искуства, организирање заеднички конференции, тркалезни маси, работилници и обуки, како и активности во областа на научноистражувачката и применетата дејност.
Посебно значаен сегмент од Меморандумот е создавањето можности за студентите за практична настава, професионално менторство, стручни предавања, учество на саеми за кариера и вклучување во заеднички истражувачки проекти.
Преку оваа соработка, ИСОС продолжува со активностите насочени кон приближување на сметководствената професија до младите, пренесување практични знаења и искуства и создавање услови за подготовка на нови генерации професионалци, подготвени да одговорат на современите потреби на професијата и пазарот на труд.
Меморандумот претставува уште еден чекор во заложбите на ИСОС за унапредување на образованието, професионалниот развој и соработката со високообразовните институции.
