Регионалната соработка и размената на професионални искуства остануваат меѓу клучните предуслови за развојот на сметководствената и даночната професија во услови на забрзани регулаторни промени и европска интеграција.
Во таа насока, членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС), учествуваа на 12. Меѓународен конгрес на даночни советници, кој се одржа во Врдник, Република Србија.
Во рамки на Конгресот, претседателката на ИСОС Весна Прентоска беше дел од регионалната панел-дискусија посветена на предизвиците во усогласувањето на националните даночни системи со даночното право на Европската Унија, заедно со претставници на професионалните организации од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.
За време на настанот беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу ИСОС и Здружението на даночни советници на Србија, со што се воспоставува рамка за долгорочно партнерство и продлабочување на институционалните врски помеѓу двете организации.
Меморандумот предвидува размена на стручни знаења и искуства, организирање заеднички конференции, семинари и обуки, поддршка во развојот на професионалните стандарди, како и заедничко учество во регионални и меѓународни професионални иницијативи.
Со оваа соработка, ИСОС ја продолжува својата определба за активно поврзување со сродните професионални организации во регионот и Европа, со цел создавање нови можности за професионален развој на членовите и зајакнување на улогата на професијата во современите економски текови.
Скопје, јуни 2026
Со почит,
ИСОС
Со почит,
ИСОС

