Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители
Погледнете дел од атмосферата на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители.
Под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“, конференцијата обедини над 1000 учесници, претставници од институции, бизнис секторот, академската заедница и меѓународни организации, отворајќи важни теми за иднината на професијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција.
Особено нè радуваше присуството на голем број млади, студенти и средношколци – новата генерација која ја гледа својата иднина во професијата.
Благодарност до сите говорници, партнери и учесници кои беа дел од ова значајно регионално случување.
Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.