02.06.2026 - In СООПШТЕНИJA

Членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) учествуваа на XI Меѓународен симпозиум на сметководители и ревизори на Црна Гора, еден од најзначајните регионални настани посветени на сметководствената и ревизорската професија, кој се одржа во Улцињ во организација на Институтот на сертифицирани сметководители на Црна Гора.

Симпозиумот обедини повеќе од 350 учесници од регионот и Европа и претставуваше значајна платформа за размена на искуства, професионални знаења и добри практики. Настанот имаше силен меѓународен карактер, со учество на претставници на Светска банка – Центарот за реформа на финансиското известување (CFRR) од Виена, Европската федерација на сметководители (Accountancy Europe), Меѓународната федерација на сметководители (IFAC), како и професионални организации, регулатори, академски претставници и експерти од повеќе земји од регионот и Европа.

На настанот учество зеде и министерот за финансии на Црна Гора, Новица Вуковиќ, кој се осврна на финансиските реформи, фискалната стабилност и значењето на професионалните организации во унапредувањето на квалитетот на финансиското известување и усогласувањето со европските стандарди како клучни предуслови за понатамошен економски развој.

Во текот на тридневната програма беа обработени повеќе актуелни теми од значење за иднината на сметководствената и ревизорската професија, меѓу кои примената на вештачката интелигенција во финансискиот сектор, дигиталната трансформација на сметководството и ревизијата, новите регулаторни рамки, реформите во финансиското известување, управувањето со финансиски ризици, етиката и професионалниот интегритет, како и улогата на професионалните организации во унапредувањето на професионалните стандарди и капацитети.

Посебен акцент беше ставен на примената на меѓународните стандарди за финансиско известување и ревизија, развојот на професијата во контекст на европските интеграции и предизвиците што ги носат новите технологии и дигитализацијата. Во рамки на програмата беа организирани и повеќе панели и презентации посветени на улогата на професионалните тела во идниот развој на професијата, европската регулаторна рамка и реформите во финансиското известување.

Учеството на членовите на ИСОС на овој значаен меѓународен настан претставува уште една потврда за активната улога на ИСОС во регионалната и меѓународната професионална соработка, како и за посветеноста на Институтот кон следење на глобалните трендови и унапредување на професионалните стандарди во интерес на своите членови и развојот на сметководствената професија во Северна Македонија.

Скопје, јуни 2026
Со почит,
ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

ИСОС © 2026. Сите права задржани.