Согласно Одлуката на Управниот одбор на ИСОС, во периодот од 31 август до 3 септември 2026 година ќе се одржат редовните состаноци на подружниците на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС).
Состаноците се организираат со цел членовите на локално ниво да имаат можност за информирање, дискусија и размена на мислења за актуелните професионални прашања, активностите на Институтот и темите од значење за натамошниот развој и унапредување на сметководствената професија.
Распоред на состаноците
| Подружница | Датум | Време | Локација |
|---|---|---|---|
| Охрид | 31.08.2026 (понеделник) | 09:00 | Хотел „Милениум Палас“ |
| Прилеп | 31.08.2026 (понеделник) | 13:30 | Економски факултет – Прилеп |
| Скопје | 01.09.2026 (вторник) | 09:30 | Универзитет ИБУ – Амфитеатар Blue |
| Гостивар | 01.09.2026 (вторник) | 13:00 | АД ЕСМ – Подружница ХЕС „Маврово“, 3 кат (спроти Општина Гостивар) |
| Кочани | 02.09.2026 (среда) | 10:00 | Мултикултурен центар Кочани |
| Струмица | 02.09.2026 (среда) | 14:00 | Младински центар, во просториите на Општина Струмица |
| Куманово | 03.09.2026 (четврток) | 09:30 | Деловна зграда на поранешниот Комитет |
| Кавадарци | 03.09.2026 (четврток) | 14:00 | Општина Кавадарци |
Ги повикуваме членовите да присуствуваат на состаноците на своите подружници и активно да се вклучат во дискусијата за прашањата од значење за работата на Институтот и натамошниот развој на сметководствената професија.
Со почит,
ИСОС
Скопје, август 2026