Почитувани членови,
Во рамки на континуираните активности на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија за унапредување и зголемување на атрактивноста на сметководствената професија кај младите, вчера во просториите на Економски факултет – Прилеп беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Економскиот факултет – Прилеп, претставуван од деканот проф. д-р Татјана Спасеска, и ИСОС, претставуван од претседателката Весна Прентоска.
На потпишувањето присуствуваше и Елена Димоска, член на Комисијата за меѓународни контакти и зачленување во ИСОС и алумнист на Економскиот факултет – Прилеп.
Со Меморандумот се воспоставуваат различни форми на меѓусебна соработка, поддршка и реализација на заеднички активности од интерес за двете институции. Посебен акцент е ставен на можностите за практична работа, професионално усовршување и директно поврзување на студентите со професијата, како и на организација на заеднички симпозиуми, семинари, обуки, конференции и други стручни настани.
Оваа соработка претставува уште еден значаен чекор во насока на доближување на професијата до младите генерации, создавање квалитетен стручен кадар и јакнење на врската помеѓу образованието и практиката.
Со почит, Скопје, мај 2026
ИСОС