Претседателката на ИСОС, Весна Прентоска заедно со членови и вработени од Комисијата за контрола на квалитет при ИСОС остварија посета на Сојузот на овластени сметководители и ревизори на Косово каде имаа средби со директорката Ардиана Буњаку и со претставници на Комитетот за контрола на квалитет на Сојузот.
Средбите претставуваа значајна можност за продлабочување на соработката меѓу ИСОС и Сојузот, како и за размена на искуства и практики за натамошен развој на сметководствената професија. Примената на стандардите, едукацијата и квалитетот во финансиското известување беа клучни теми на кои се дискутираше на средбите.
ИСОС е посветен на развојот и унапредувањето на регионалната соработка која ќе овозможи ефикасна размена на практики и поврзување на сметководителите во регионот со крајна цел унапредување на сметководствената професија.
Интензивната соработка помеѓу институтите и сојузите во регионот започна на Првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители која се одржа во март 2024 година во Скопје, а на која учество земаа сите институти и сојузи во регионот. Продолжувањето на соработка придонесува кон јакнење на професијата, подобрување на квалитетот и транспарентно финансиско известување.
Со почит, Скопје, 10.10.2024
ИСОС