Почитувани,
Со особено задоволство ве информираме дека Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) оваа година ќе биде дел од програмата на 24-та Годишна конференција на Македонска берза, учествувајќи во еден од панелите посветени на актуелни економски и финансиски теми.
Конференцијата претставува значаен настан кој традиционално ги обединува претставниците на финансиската и бизнис заедницата, регулаторните институции, академската јавност и медиумите, со цел размена на идеи, ставови и искуства поврзани со развојот на пазарите на капитал и пошироката економија.
Оваа година, темите што ќе бидат опфатени нудат широк спектар на содржини и дискусии релевантни за сите што се вклучени во процесите на корпоративно управување, инвестициски активности и унапредување на транспарентноста и отчетноста.
Агендата и сите детали за конференцијата можете да ги погледнете на следниот линк:
Агенда и детали
Ве покануваме да се пријавите и да обезбедите свое учество преку следниот линк:
Регистрација
Со почит,
ИСОС
Скопје, септември 2025