05.09.2025 - In Известувања

Почитувани,

 

Ве информираме дека на барање на новиот претседател на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија, м-р Дарко Дачевски, Управниот одбор на ИСОС донесе одлука за одржување на состаноци на подружниците на ИСОС. Состаноците на подружниците ќе се одржат во периодот од 9 до 12 септември 2025 г. 

Темите кои ќе бидат дискутирани, согласно дневниот ред, се:  

  • Запознавање со новиот претседател на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија;
  • Информација за реализацијата на процесот за полагање испит за стекнување на уверение за сметководител и овластен сметководител предвидена со Закон;
  • Информација за реализацијата на процесот на контрола на квалитет;
  • Информација за потребните чекори за реализација на стратешка определба на ИСОС – зачленување во Меѓународната федерација на сметководители (IFAC). 

 

Ве молиме за присуство на Подружницата да се регистрирате на следниот линк https://forms.office.com/e/cPnvJ3xWMy.

Распоредот на одржување на состаноците на подружниците е следен

Град на одржување на средбите Датум Час Место на одржување на состанокот
Скопје 09.09.2025 Вторник 11:00 Хотел Континентал
Велес 09.09.2025 Вторник 15:00 Хотел Гарденија
Струмица 10.09.2025 Среда 11:00 Хотел Вила парк
Штип 10.09.2025 Среда 16:00 Зграда на општина Штип
Тетово 11.09.2025 Четврток 10:00 Хотел Лирак
Куманово 11.09.2025 Четврток 14:00 Куманово Хотел Бела Дона
Прилеп 12.09.2025 Петок 11:00 Хотел Кристал палас
Битола 12.09.2025 Петок 14:00 Хотел Милениум

Прилог документи:

Известување за одржување на состаноци на подружници

Одлука за свикување на состаноци на подружниците на ИСОС

 

Со почит,                                                                                                                  Скопје, 5 септември 2025

ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.