Почитувани членови,
Ве информираме дека, постапувајќи согласно членот 10 од Законот за измени и дополнувања на Законот за вршење на сметководствени работи (Службен весник на РСМ, бр.47/25), кој влезе во сила на 28.02.2025 година, Управниот одбор на ИСОС донесе одлука (во Прилог), во предвидениот законски рок, да ги упише во соодветниот регистар сметководителите и овластените сметководители на кои им беше изречена дисциплинска мерка – времено бришење од регистар поради непочитување на обврската за континуирано професионално усовршување.
Истовремено, Управниот одбор го задолжи Претседателот на УО на ИСОС, да достави нови ажурирани податоци од Регистерот на сметководители и овластени сметководители до Централниот регистар на РСМ.
Оваа Одлука на УО е спроведена во целост, согласно роковите предвидени со Законот за измени и дополнувања на Законот за вршење на сметководствени работи.
Скопје, 03.03.2025
Со почит,
ИСОС
ПРИЛОГ: ОДЛУКА на УО на ИСОС (бр. 0202-100/02 од 01.03.2025 г.)