10.10.2025 - In Известувања

Почитувани членови,
 
Ве известуваме дека на официјалната веб-страница на Институтот за сметководители и овластени сметководители – ИСОС (www.isos.mk) од денес е достапна нова функционалност која овозможува објавување и преглед на огласи за работни позиции наменети за сметководители и овластени сметководители.
 
Преку оваа алатка, членовите на ИСОС ќе можат:
 
• Да објавуваат огласи за слободни работни места во рамки на нивните организации;
• Да прегледуваат достапни понуди за вработување;
• Да аплицираат на огласи кои одговараат на нивниот професионален профил и квалификации.
 
Алатката е достапна по најава со вашето корисничко име и лозинка на следниот линк:
https://www.isos.mk/objavete-oglas-za-rabota/
Целта на оваа услуга е да придонесе за подобрување на професионалната поврзаност помеѓу членовите и да го олесни процесот на вработување во рамките на професијата.
 
Скопје, 10.10.2025
Со почит,
ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.