Почитувани членови,
Претставници на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија – ИСОС одржаа работен состанок со директорката на Централниот регистар, д-р Анита Стамновa и претставници на Централниот регистар.
На средбата беа разгледани прашања од значење за секојдневното работење на сметководителите, при што беше истакната потребата од континуиран дијалог и навремено адресирање на практичните предизвици со кои се соочуваат професионалците при користењето на услугите на Централниот регистар.
Заеднички беше изразена подготвеност соработката да продолжи да се развива преку иницијативи што ќе придонесат за поедноставување на постапките, поголема ефикасност и подобрување на услугите за корисниците.
ИСОС ќе продолжи активно да ги застапува интересите и потребите на своите членови и да соработува со надлежните институции во насока на создавање поефикасно и функционално деловно опкружување.
Со почит,
Скопје, август 2026
ИСОС