17.04.2026 - In СООПШТЕНИJA

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше дел од VI Меѓународна конференција за контролинг „AI meets Controlling – Leading with Insight in the Era of Transformation“, која се одржа на 16 април 2026 година во Скопје, во организација на Контролинг Бизнис Центар.

Во рамки на конференцијата, панел-дискусијата посветена на трансформацијата на бизнисите во ерата на податоци и вештачка интелигенција, која беше поддржана од ИСОС, обедини релевантни експерти и практичари од областа. На панелот учество зеде и Александар Ивановски, член на Управниот одбор на ИСОС.

Во своето излагање, Ивановски го отвори прашањето за тоа каде се наоѓа сметководството денес – со значителна количина на податоци, но сè уште со ограничена аналитичка вредност за потребите на контролингот. Акцентот беше ставен на потребата од промена на пристапот – од класично евидентирање кон подобро структурирање, поврзување и интерпретација на податоците, со цел тие да станат реална основа за деловни одлуки.

Посебен фокус беше ставен и на улогата на сметководителите, која сè повеќе се поместува од техничка подготовка на извештаи кон активна поддршка на менаџментот. Во таа насока, беше нагласена потребата од развој на нови компетенции – аналитичко размислување, работа со податоци и способност за објаснување на финансиските информации во деловен контекст.
Во дискусијата беше потенцирана и улогата на ИСОС како клучен фактор во овој процес – преку поставување стандарди, контрола на квалитет и континуирана едукација, но и како двигател на трансформацијата на професијата кон поголема аналитичност и релевантност за бизнисот.

Конференцијата обедини експерти од областа на финансиите, контролингот и менаџментот, со фокус на примената на вештачката интелигенција, аналитиката и data-driven пристапот во современото управување.
Со своето учество, ИСОС уште еднаш ја потврди својата активна улога во следење и поддршка на развојот на професијата во согласност со глобалните трендови.

Скопје, 17 април 2026

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

ИСОС © 2026. Сите права задржани.