21.05.2026 - In СООПШТЕНИJA

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) продолжува активно да работи на унапредување на соработката со образовните институции и поддршка на младите во насока на развој на сметководствената професија.

Во таа насока, ИСОС организираше заедничка средба со претставници на средните стручни училишта, на која се разговараше за можностите за продлабочување на соработката, унапредување на практичната настава, кариерното советување и приближување на сметководствената професија до младите.

Средбата претставуваше можност за размена на идеи и иницијативи за создавање поквалитетна врска помеѓу образовниот процес и реалниот сектор, со посебен акцент на практичните знаења, дигитализацијата и потребите на пазарот на трудот.

Во рамки на активностите, ИСОС потпиша и Меморандум за соработка со Установата за стручно образование СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје, со кој се воспоставува рамка за заеднички активности насочени кон:

• овозможување практична работа и стажирање за учениците кај членови на ИСОС;
• поддршка на професионалниот развој и кариерното советување;
• реализација на заеднички образовни и стручни иницијативи;
• промоција на професионалните и етичките вредности во сметководствената професија.

Преку ваквите активности, ИСОС продолжува да гради партнерства кои ќе придонесат за создавање нови генерации млади професионалци, подготвени за современите предизвици и потребите на пазарот на трудот.

Скопје, мај 2026

Со почит,
ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

ИСОС © 2026. Сите права задржани.