Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ја усвои и објави Политиката за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа, со што го потврдува својот континуиран стремеж кон одговорно, безбедно и квалитетно работење.
Политиката се темели на принципите и барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018 и претставува дел од интегрираниот систем за управување кој ИСОС го воспоставува и постојано го подобрува.
Со неа, Институтот ја истакнува својата определба за:
• обезбедување високо ниво на квалитет на услугите кон членовите,
• заштита на животната средина,
• промовирање на здрави и безбедни работни услови,
• и постојано унапредување на сите организациски процеси.
Политиката е достапна за сите заинтересирани страни на веб-страницата на ИСОС.