Почитувани,
Во врска со соопштението на веб-страницата на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија од 28.11.2025 година, која се однесува на доставен записник од наводно извршен надзор над финансиското и материјалното работење на Институтот, ве информираме дека ИСОС денес, во законски предвидениот рок, поднесе Приговор.
Во приговорот Институтот констатира дека надзорна постапка всушност не била спроведена, ниту во материјална, ниту во процедурална, ниту во суштинска смисла.
Во Приговорот Институтот нуди низа правни аргументи и факти со кои ја потврдува оваа констатација.
Очекуваме Советот со должно внимание да го разгледа Приговорот и да постапи согласно утврдената фактичка и правна состојба.
Со почит, Скопје, 5 декември 2025
ИСОС