Почитувани членови,
Согласно Законот за вршење на сметководствени работи и Правилникот за начин и постапка за добивање уверение за сметководител и овластен сметководител, ве повикуваме навремено и целосно да ги ажурирате вашите податоци во соодветните регистри на ИСОС. 
 
За  ажурирање на податоците треба да е најавите на следниов линк: 
 
Ажурирај податоци
 
Ажурираните податоци во регистрите, по нивна проверка од страна на ИСОС, ќе бидат разменети со надлежните институции, согласно законските надлежности на Институтот.  
Воедно, потсетуваме и на обврската навремено да ја уплаќате годишната членарина во ИСОС и евентуалните заостанати членарини од изминатите години.
Стоиме на располагање за сите евентуални прашања и дилеми на следната мејл адреса: isos@isos.com.mk или контакт телефонски број: +389 (0)2 3200030 +389 70 283 807
ЈАВЕН ПОВИК ДО СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ИСОС ЗА НАВРЕМЕНО АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПЛАЌАЊЕ НА ГОДИШНА ЧЛЕНАРИНА
 
Со почит,  Скопје, 23 септември 2024
ИСОС