Уставниот суд на РСМ донесе одлука да не поведе постапка за оценување на уставноста на член 31 став 6 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.173/2022).
Со ваквата одлука, донесена во рамки на својата 40. седница, одржана на 14 ноември 2023, Уставниот суд всушност потврди дека одредбата од споменатиот член во Законот не е спротивна на Уставот.
Инаку, со ставот 6 од членот 31 во Законот за вршење на сметководствени работи е пропишано дека „За целите на финансиското известување обврзникот за водење на сметководство може да вработи сметководител или овластен сметководител со полно работно време. Обврзниците за водење на сметководство кои согласно со Законот за трговските друштва се поврзани лица, може да вработат едно исто лице со скратено работно време“.
Со тоа што одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на овој член од Законот, Уставниот суд го отвори патот за натамошно етаблирање и јакнење на професијата сметководител во нашата земја и нејзино издигнување на исто рамниште, пред сѐ со земјите во регионот, а потоа и со членките на ЕУ и на останатите развиени земји во светот, што воедно е една од основните цели на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС).
Соопштение по одржаните 40-та и 41-та седница на Уставниот суд