Почитувани колеги,
Во моменти кога завршија нашите најголеми обврски, поднесување на годишни сметки и во период кога имате помалку обврски, кога со мирна глава може да одлучувате за иднината на нашата професија, Ве повикувам и воедно Ве молам во што поголем број да се пријавите за членови на органите кои се потребни да функционира Институтот, а со тоа Ве повикувам да гласате независно и по сопствен избор како би можеле тоа што со години го посакуваме да го оствариме – професија со респект и значење во нашето општество.
Изборите се закажани за Вторник, 11ти Април, сите потребни материјали и информации ќе бидат доставени до сите активни ажурирани членови навремено по електронска пошта.
Институтот согласно роковите за достава на апликации за Јавните повици, ќе работи и во сабота на 25 март од 9 часот до 16 часот.
Со почит
Весна Прентоска
ВД Претседател