Во врска со прашањата кои стигаат до Институтот, а се поврзани со плаќање чланарина за сметководствените бироа, Ве известуваме дека до конституирање на Собрание и формирање на Органи на ИСОС како и донесување на одлуки и правилници, ИСОС нема да постапува по основ на наплата на истите. Со почит, Весна Прентоска ВД Претседател
Почитувани членови, Врз основа на денешната објава на издадени уверенија (https://isos.com.mk/index.php/item/1604-izvestuvanje-za-podignuvanje-na-uverenija) , сите кои сакаат да извршат упис во регистарот на сметководители и овластени сметководители потребно е да ја пополнат и комплетирааат следната документација: Барање за упис во соодветниот регистар http://isos.com.mk/images/PDF/baranje-za-upis-vo-registar-na-ovlasteni-smetkovoditeli.pdf http://isos.com.mk/images/PDF/baranje-za-smetkovoditel.pdf Уплатница со уплатена минимум една месечна чланарина ( за сметководител 100 мкд, и […]
Почитувани, Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека се одобрени барања за стекнување со уверенија за сметководители и овластени сметководители. Списоци со готови уверенија Овластен сметководител Списоци со готови уверенија Сметководител Подигнување на уверенијата од списокот се врши лично или со полномошно во просториите на Институтот со адреса на ул. Црвена скопска општина бр.10, […]
Почитувани членови, Со оглед дека многу од Вас се јавуваат да укажат на погрешна евиденција на КПУ часови, а евиденцијата е преземена од консултантските куќи, Ве замолуваме сите забелешки и барања за корекции да ги доставите до консултантските куќи, тие да извршат корекција и да достават до ИСОС списоци за корекција до 31.12.2022 година. Со почит […]
Почитувани членови на ИСОС, во продолжение известување за моменталната состојба со барања: 757 – Барања за сметководител/овластен сметководител 45 – Барања за упис во регистар за сметководител/овластен сметководител 94 – Барања за лиценца за вршење сметководствени работи Истите ќе се обработат во најбрз можен рок, за што ќе имаме дополнителна објава.
На ден 21.11.2022 е извршена промена во тековната состојба и упис на Вршител на должност на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија. За вршител на должност е именувано лицето Весна Прентоска. Воедно ве известуваме дека Вршителот на должност, ќе постапува согласно член 72 став 6 од Закон за вршење на сметководствени работи […]