19.11.2026 - In СООПШТЕНИJA

Почитувани,

Во име на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), со задоволство би сакала да Ве поканам да ни се придружите во акцијата за пошумување, која ќе се одржи на 23 ноември 2026 година, со почеток во 09:00 часот, во близина на
акумулацијата „Мавровица“, Светиниколско.

Акцијата се организира во рамките на проектот „Зелена трансформација преку пошумување, зелени работни места и младинска инклузија“, кој го спроведува ИСОС со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Зелена младина,
зелен раст“.

Целта на проектот е придонес кон зелена трансформација, развој на зелени работни места и активно вклучување на младите во одржливи практики. Преку оваа акција, заеднички ќе придонесеме за обновување на зелените површини и подигнување на свеста за важноста
на заштитата на животната средина.

За учесниците во акцијата ќе биде обезбеден организиран превоз. Деталите за местото и времето на поаѓање ќе бидат дополнително споделени со пријавените учесници.

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 19 ноември 2026 година, на епошта: isos@isos.com.mk или на телефонскиот број: +389 72 305 927.

Во прилог Ви ја доставуваме програмата за акцијата.
Придружете ни се заедно да садиме за позелена иднина!

Преземи програма

Со почит,
Весна Прентоска
Претседател на ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

ИСОС © 2026. Сите права задржани.