25.08.2026 - In СООПШТЕНИJA

Согласно Одлуката на Управниот одбор на ИСОС, во периодот од 31 август до 3 септември 2026 година ќе се одржат редовните состаноци на подружниците на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС).

Состаноците се организираат со цел членовите на локално ниво да имаат можност за информирање, дискусија и размена на мислења за актуелните професионални прашања, активностите на Институтот и темите од значење за натамошниот развој и унапредување на сметководствената професија.

Распоред на состаноците

Подружница Датум Време Локација
Охрид 31.08.2026 (понеделник) 09:00 Хотел „Милениум Палас“
Прилеп 31.08.2026 (понеделник) 13:30 Економски факултет – Прилеп
Скопје 01.09.2026 (вторник) 09:30 Универзитет ИБУ – Амфитеатар Blue
Гостивар 01.09.2026 (вторник) 13:00 АД ЕСМ – Подружница ХЕС „Маврово“, 3 кат (спроти Општина Гостивар)
Кочани 02.09.2026 (среда) 10:00 Мултикултурен центар Кочани
Струмица 02.09.2026 (среда) 14:00 Младински центар, во просториите на Општина Струмица
Куманово 03.09.2026 (четврток) 09:30 Деловна зграда на поранешниот Комитет
Кавадарци 03.09.2026 (четврток) 14:00 Општина Кавадарци

Ги повикуваме членовите да присуствуваат на состаноците на своите подружници и активно да се вклучат во дискусијата за прашањата од значење за работата на Институтот и натамошниот развој на сметководствената професија.

Со почит,
ИСОС

Скопје, август 2026

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

ИСОС © 2026. Сите права задржани.