Потпишан меморандум за соработка со Управата за финансиско разузнавање
Почитувани членови,
Ве информираме дека Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС) и Управата за финансиско разузнавање потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува институционална рамка за унапредување на соработката и заеднички активности од взаемен интерес.
Со оваа соработка, за прв пат ќе се реализираат заеднички обуки помеѓу Управата за финансиско разузнавање и ИСОС, насочени кон зајакнување на знаењата и капацитетите на сметководителите и овластените сметководители, особено во областа на спречување перење пари и финансирање тероризам.
Меморандумот предвидува и континуирана размена на информации, организирање едукативни настани, работилници и специјализирани обуки, како и соработка во подготовка на предлог-документи за развој на сметководствената професија.
Ова претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и унапредување на професионалните стандарди, преку заеднички активности кои ќе придонесат за поголема едукација, усогласеност и професионален развој на сметководствената професија.