20.04.2026 - In Известувања

Интегритетот како темел: ИСОС со нова политика и засилени антикорупциски механизми

 

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) направи значаен исчекор во зајакнување на институционалниот интегритет и доброто управување, со тоа што за прв пат се усвои Политика на интегритет на редовното годишно Собрание. Со оваа одлука, ИСОС јасно го позиционира интегритетот и етиката како суштински, темелни вредности, а не декларативни принципи во своето работење.

Политиката претставува дел од антикорупциските алатки и практики што придонесуваат за добро управување, а со нејзиното усвојување принципите на интегритет и антикорупциско постапување стануваат составен и применлив дел од управувањето на Институтот. Воедно, овој чекор е и во насока на усогласување со ESG стандардите, особено во делот на доброто управување.

Политиката на интегритет се однесува на сите членови на органите на ИСОС и опфаќа основни начела од Кодексот на етика на Меѓународната федерација на сметководители, како што се: објективност, професионална компетентност, доверливост, професионално однесување, лична одговорност, транспарентност, отчетност, независност, непристрасност и пропорционалност.

Особено значаен сегмент на Политиката е спречувањето на судир на интереси, преку воведување механизми како Регистар на интереси, Изјава на интереси, Изјава на интегритет и Регистар на подароци.

Фокусот на спречување на судир на интереси кај членовите на органите на ИСОС, вклучително и членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор, комисиите и Собранието, ја потврдува јасната определба на Институтот за доследно почитување на етичките стандарди и примена на антикорупциски практики.

Покрај тоа, Собранието донесе и други значајни одлуки, меѓу кои усвојување на Годишниот извештај, завршната сметка, извештаите за процесот на контрола на квалитет, како и извештаите за едукација и континуирано професионално усовршување, кои што се објавени на веб страницата на ИСОС.

 

Скопје, 20 април 2026

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

ИСОС © 2026. Сите права задржани.