„Повеќе од само бројки“: студентска иницијатива за подкаст со поддршка од ИСОС

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) во изминатиот период реализира низа активности насочени кон зголемување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзино доближување до младите. Овие напори веќе даваат резултати, што се потврдува и со зголемениот број на запишани студенти на катедрите за сметководство и ревизија, што дополнително го нагласува растечкото значење и привлечноста на професијата.

Како дел од овие напори, ИСОС го поддржа студентскиот видео подкаст „Повеќе од само бројки – Сè што сте сакале да знаете за сметководствената професија“. Станува збор за студентска иницијатива која произлезе по одржувањето на Втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, каде што младите активно се вклучија во дискусиите и ја отворија потребата за посовремени формати на комуникација.

Подкастот е воден од студенти и има за цел на едноставен и пристапен начин да ги доближи можностите, предизвиците и перспективите на сметководствената професија до младата публика, преку разговори со релевантни соговорници од струката.

Оваа активност е дел од пошироките напори на Институтот за унапредување на видливоста и атрактивноста на професијата кај младите. Во таа насока, во изминатиот период беа потпишани меморандуми за соработка со средните училишта „Васил Антевски-Дрен“ и „Кочо Рацин“, како и со Меѓународниот Балкански Универзитет и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со цел јакнење на соработката со образовните институции и поттикнување на интересот за сметководството како професионална определба.

Дополнително, овие активности се надоврзуваат и на подготовките за Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители „Генерација со визија – Професија со иднина“, која ќе се одржи на 6 мај 2026 година во Скопје. Конференцијата ќе обедини претставници од регионот и ќе отвори дискусија за иднината на професијата, со посебен фокус на нејзината привлечност за новите генерации.

Повеќе за подкастот можете да погледнете на следниот линк. 

Повеќе за оваа тема може да погледнете овде.

Скопје, 6 април 2026

 

Previous Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИСОС и СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

ИСОС © 2026. Сите права задржани.