Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИСОС и СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Средното училиште на Град Скопје СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образовната, практичната и професионалната соработка помеѓу двете институции.

Меморандумот има за цел да придонесе кон поврзување на образовниот процес со реалниот сектор, преку обезбедување на практична обука, учење преку работа и стажирање за учениците, како и поддршка во нивниот кариерен развој.

Во рамки на соработката, ИСОС ќе биде мост помеѓу училиштето и своите членови – сметководствени компании и професионалци, со цел да се овозможи директен пренос на знаење, искуства и добри практики од струката кон учениците.

Соработката ќе опфати:

            • организирање на практична работа и стажирање кај членови на ИСОС, 
            • кариерно советување и поддршка за учениците, 
            • развој на заеднички проекти за подобрување на квалитетот на стручното образование, 
            • промоција на професионалните вредности, етика и општествена одговорност во сметководствената професија. 

Со оваа иницијатива, ИСОС продолжува активно да придонесува кон развој на идните генерации сметководители, зголемување на атрактивноста на професијата и создавање на кадар кој е подготвен да одговори на современите барања на пазарот на трудот.

Меморандумот е склучен на неопределено време и претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката помеѓу образовниот систем и професионалната заедница.

 

Со почит,         Скопје, март 2026

ИСОС

Previous ИСОС со активности за поддршка на млади професионалци и иновации

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

ИСОС © 2026. Сите права задржани.