ИСОС со активности за доближување на професијата до средношколците

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) потпиша меморандум за соработка со СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје, со што се отвораат нови можности за промоција на сметководствената професија меѓу младите.

Соработката е насочена кон зајакнување на врската помеѓу стручното образование и професијата, овозможувајќи им на учениците навремено да се запознаат со нејзината улога, значење и кариерни перспективи.

Преку ова партнерство, средношколците ќе имаат можност поблиску да ја запознаат професијата, да се информираат за нејзините можности и да добијат појасна претстава за идниот професионален развој. Истовремено, соработката придонесува за унапредување на стручното образование и негово приближување до реалните потреби на пазарот на труд.

Со оваа иницијатива, ИСОС продолжува активно да ја доближува сметководствената професија до младите и да ја позиционира како атрактивна, стабилна и перспективна кариерна опција. 

 

Со почит,         Скопје, март 2026

ИСОС

Previous ПРОГРАМА ЗА ДВОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ – ЈАНУАРИ – ФЕВРУАРИ БР. 1/2026 – 16 ЧАСА

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

ИСОС © 2026. Сите права задржани.