Почитувани членови, сметководители и овластени сметководители,
Врз основа на одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 173/2022 и 47/2025), како и актите донесени од органите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Институтот), Ве информираме за редовните законски и статутарни обврски кои се од суштинско значење за одржување на професионалниот статус.
Согласно член 23 став (1) точка 1) од Законот за вршење на сметководствени работи, еден од основните извори на средства за финансирање на работењето на Институтот се годишните членарини од вршителите на сметководствени работи.
Со Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за начин на задолжување на членовите на Институтот со чланарина, донесена од Собранието на Институтот на 15.04.2024 година, утврден е краен рок за подмирување на оваа обврска. Согласно член 3 од наведената Одлука: „Се задолжуваат членовите на Институтот на сметководители и овластени сметководители годишната чланарина да ја плаќаат најдоцна до 15-ти ноември за тековната година“.
Со оглед на тоа што крајниот рок за уплата на членарината за 2025 година истекува, ги повикуваме сите членови кои сè уште не ја подмириле оваа обврска, да го сторат тоа, без одлагање.
По однос на заостанатите обврски од изминатите години, Управниот одбор на ИСОС останува кон издадените опомени за плаќање на членарина. Ги повикуваме сите членови кои не ја исполниле оваа обврска спрема Институтот, неодложно да ја исполнат. Во спротивно ќе бидат поведени соодветни постапки за наплата на заостанатите обврски по овој основ.
Согласно член 30 од Законот за вршење на сметководствени работи, сите сметководители и овластени сметководители имаат обврска за постојано стручно усовршување, со цел надградување на теоретските и практичните знаења.
Третиот циклус на обуки започна на 1 јануари 2025 година (согласно член 64 став 7 од Законот).
Истовремено, Ве известуваме дека согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на РСМ“ бр. 47/2025), рокот за исполнување на часовите од првиот и вториот циклус (утврден во член 64 став 1 и 2) е продолжен до 31 декември 2026 година, додека рокот за исполнување на часовите од третиот циклус ( утврден во член 64 став 7) е најдоцна до 31 декември 2028 година.
Апелираме редовно да ги следите и посетувате обуките за КПУ со цел навремено исполнување на потребниот фонд на часови.
Непочитувањето на горенаведените обврски претставува дисциплинска повреда согласно Законот и актите на Институтот и повлекува поведување на дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на Институтот. Ве известуваме за можните мерки кои се изрекуваат етапно, во случај на непостапување во однос на исполнување на законските предвидените услови:
Имајќи го предвид наведеното, ве повикуваме професионалните и законски предвидените обврски редовно да бидат исполнети. Навременото подмирување на членарината и исполнувањето на фондот на часови за КПУ е во интерес на зачувување на професионалниот интегритет и исполнување на обврските предвидени согласно Законот за вршење на сметководствени работи.
Со почит, Скопје, ноември 2025
ИСОС