10.11.2025 - In СООПШТЕНИJA

Почитувани колеги и колешки,
 
Со големо задоволство, во мое лично име и во име на Управниот одбор на Институтот, Ви го честитам 10 ноември – Меѓународниот ден на сметководителите, на сите поранешни, сегашни и идни колеги.
Сметководствената професија претставува столб на довербата и мост помеѓу институциите и деловниот свет, а токму затоа нашата професионалност, квалитет и континуирана едукација се од исклучително значење за стабилноста и развојот на економијата.
 
Институтот и понатаму активно работи на активности насочени кон унапредување на квалитетот и атрактивноста на професијата, при што со задоволство можеме да истакнеме дека има зголемување на бројот на запишани студенти и најголем интерес за Катедрата за сметководство и ревизија при Економскиот факултет во Скопје.
 
Во текот на оваа година, Институтот за првпат учествуваше на Глобалната конференција во организација на Фондацијата IFRS во Лондон, каде што имавме можност да се запознаеме со најновите искуства и практики за имплементација на МСФИ стандардите.
 
Токму стандардите и Етичкиот кодекс на IFAC придонесуваат нашата професија да остане симбол на доверба во деловниот свет и институциите, обезбедувајќи финансиски извештаи кои претставуваат основа за стратешко планирање и развој на бизнисот и на државата.
 
Оваа година, исто така, станавме прва земја од регионот на Западен Балкан, членка на организацијата CFE Tax Advisers Europe, која ги обединува даночните советници и сметководителите во Европа и регионот. Членството ќе ни овозможи да учествуваме во специјализирани програми за обука, конференции и професионални мрежи, но и да влијаеме врз креирањето на европските регулативи и стандарди кои директно ја засегаат нашата работа и работата на бизнис-секторот во целина.
 
Верувам дека и во иднина ќе продолжиме да ја јакнеме нашата професија, како и да ги прошируваме партнерствата на меѓународно и домашно ниво.
Ви посакувам добро здравје, лична сатисфакција и многу успеси на професионален план.
 
Скопје,10 ноември 2025
 
Со почит,
Весна Прентоска
Претседател на ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.