17.09.2025 - In Известувања

Почитувани,
 

Ве информираме дека Управата за финансиско разузнавање (УФР), на барање на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), го продолжи рокот за доставување одговори на Прашалникот за проценка на ризик од перење пари и финансирање тероризам, кој првично завршуваше на 19 септември.
 

Новиот рок за доставување на одговорите до УФР е 4 октомври 2025.
 

Дополнително, Ве известуваме дека на 22 септември 2025, исто така на барање на ИСОС, во Управата за финансиско разузнавање ќе се одржи состанок на кој се очекува да се добијат појаснувања за одредени прашања поврзани со Прашалникот, со цел членките на ИСОС кои имаат законска обврска да одговорат на ова барање од УФР, да можат да обезбедат целосни, точни и прецизни информации.
 

Скопје, 17 септември 2025
Со почит,
ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.