Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) успешно ја реализираше онлајн обуката на тема „Комуникациски вештини и услуга кон клиенти“ на која присуствуваа над 500 членови на ИСОС.
Оваа обука претставуваше значајна можност за големиот број учесници да стекнат знаења поврзани со градењето на односите и доверба со клиентите, во насока на унапредување на квалитетот на сметководствените услуги. На обуката се дискутираше за начините на унапредување на личните и професионалните вештини во клучни области, како што се: ефективна комуникација со клиенти, презентирање на услуги и решенија, градење долгорочни односи базирани на доверба, примена на емоционална интелигенција во работното секојдневие, како и фокусирана и квалитетна испорака на услуги со став на ориентираност кон клиентот.
Особено внимание беше посветено и на темата на внатрешната мотивација и вклученост на вработените, како клучен фактор за подигнување на квалитетот на услугата и ефективноста на организациите.
ИСОС и во наредниот период ќе продолжи активно да вложува во развојот на професијата, преку организирање на различни типови на едукативни настани, прилагодени на актуелните потреби на членството.
Со почит, Скопје, 9 јули 2025
ИСОС