08.07.2025 - In Известувања

Почитувани членови,
 
Ве известуваме дека во врска со долговите по основ на членарина ИСОС испрати опомени до членовите кои сѐ уште не ја подмириле оваа обврска заклучно со 2024 година.
 
Согласно измените на Законот за вршење на сметководствени работи донесени во февруари 2025-та година Институтот може да ги изрече следните дисциплински мерки за неподмирени обврски за неплатена членарина: лична опомена, јавна опомена, изрекување на парична казна и како последна дисциплинска мерка, предвидено е бришење од соодветниот регистар.
 
Сите членови кои се запишани во регистарот на сметководители и овластени сметководители на ИСОС, но повеќе не ја вршат сметководствената дејност, можат да поднесат сопствено барање за бришење од регистарот.
 
Истовремено, потсетуваме дека покрај редовната уплата на членарина, неопходно е сите лиценцирани сметководители и овластени сметководители да имаат остварено соодветен број часови континуирано, професионално усовршување предвидени согласно Законот за вршење на сметководствени работи.
 
За сите евентуални прашања можете да се обратите до стручната служба на ИСОС на следната електронска пошта info@isos.com.mk.
 

Со почит, Скопје, 8 јули 2025
ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.