22.04.2025 - In Известувања

Почитувани членови,
 
Ве информираме дека, во врска со претстојниот законски рок за поднесување на кварталните ДДВ-04 пријави (25 април), ИСОС се обрати до Управата за јавни приходи со барање за продолжување на работното време на нивната ИТ-служба, со цел обезбедување на поголема достапност и непречено одвивање на процесот.
 
Дополнително, укажавме на УЈП дека поднесувањето на ДДВ-04 пријавите во последен момент најчесто е резултат на ненавремената достава на потребните податоци од страна на клиентите. Ве замолуваме навремено да ги информирате вашите клиенти за рокот за достава на податоците, со што ќе се избегнат евентуални тешкотии при поднесувањето на пријавите.
 
Денеска го добивме одговорот од Управата за јавни приходи, кој во целост ви го проследуваме во прилог.
 
ИСОС останува на располагање за дополнителна поддршка и информации поврзани со ова прашање.
 
Со почит,
Скопје, април 2025
ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.