Интервју на претседателката на ИСОС за Bloomberg Adria: Поедноставно сметководство за малите бизниси и поголема советодавна улога на сметководителите

Иницијативата за намалување на административниот товар за микро и малите бизниси преку поедноставно сметководство беше во фокусот на интервјуто на претседателка на ИСОС, Весна Прентоска, за Bloomberg Adria.

Главната порака искажана во интервјуто е дека е неопходно да се зајакне советодавната улога на сметководителите, кои со своето знаење и непосредниот увид во работењето на компаниите можат да придонесат за поквалитетни деловни одлуки.

Прибирањето документација, повторното внесување исти податоци и исполнувањето различни административни барања одземаат значителен дел од времето на сметководителите. Поедноставувањето на овие обврски би овозможило повеќе простор за финансиска анализа, планирање и советување, особено кај микро и малите бизниси, каде што сметководителот често е единствениот квалификуван финансиски професионалец со континуиран увид во нивното работење.

„ИСОС се залага за појасни сметководствени барања, приспособени на големината, сложеноста и ризиците на компаниите. Притоа, точноста на финансиските информации и професионалната одговорност на сметководителите остануваат основа на секое предложено решение.

Простор за подобрување постои во намалувањето на повторното доставување исти податоци до различни институции, усогласувањето на роковите и форматите за известување и подобрата дигитална поврзаност. Ваквиот пристап може да придонесе за пониски трошоци за усогласување и за покорисни информации за компаниите, институциите и финансискиот сектор“, истакна Прентоска во интервјуто за Blomberg Adria.

Оваа иницијатива на ИСОС беше претставена на тркалезната маса „Големи правила за малите бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?“, што Институтот ја организираше по повод 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството. На настанот беше предложено формирање заедничка стручна работна група со надлежните институции и бизнис-заедницата, која ќе ги разгледа можностите за поедноставување на обврските и финансиското известување за малите бизниси.

Во продолжение погледнете го целото интервју.

Previous ИСОС и МАТТО потпишаа Меморандум за соработка

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

ИСОС © 2026. Сите права задржани.