Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Средното училиште на Град Скопје СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образовната, практичната и професионалната соработка помеѓу двете институции.
Меморандумот има за цел да придонесе кон поврзување на образовниот процес со реалниот сектор, преку обезбедување на практична обука, учење преку работа и стажирање за учениците, како и поддршка во нивниот кариерен развој.
Во рамки на соработката, ИСОС ќе биде мост помеѓу училиштето и своите членови – сметководствени компании и професионалци, со цел да се овозможи директен пренос на знаење, искуства и добри практики од струката кон учениците.
Соработката ќе опфати:
-
-
-
-
-
- организирање на практична работа и стажирање кај членови на ИСОС,
- кариерно советување и поддршка за учениците,
- развој на заеднички проекти за подобрување на квалитетот на стручното образование,
- промоција на професионалните вредности, етика и општествена одговорност во сметководствената професија.
-
-
-
-
Со оваа иницијатива, ИСОС продолжува активно да придонесува кон развој на идните генерации сметководители, зголемување на атрактивноста на професијата и создавање на кадар кој е подготвен да одговори на современите барања на пазарот на трудот.
Меморандумот е склучен на неопределено време и претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката помеѓу образовниот систем и професионалната заедница.
Со почит, Скопје, март 2026
ИСОС