Делегација на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Северна Македонија (ИСОС), предводена од претседателката Весна Прентоска, учествуваше на меѓународната конференција организирана во Тирана по повод 25-годишнината од основањето на Институтот на овластени сметководители на Албанија (IKM). Настанот, кој се одржа на официјална покана од Институтот на овластени сметководители на Албанија. ги обедини институциите, академската заедница и професионалните организации од регионот.
Претседателката Прентоска беше говорник во панел-дискусијата посветена на иднината на сметководствената професија. Таа истакна дека дигиталната трансформација, автоматизацијата и вештачката интелигенција веќе го менуваат работењето, но ја нагласи суштинската улога на професионалниот пристап, компетентноста и етичкото управување со финансиските информации: „Технологијата не ја заменува професијата – таа ја издигнува. Иднината им припаѓа на сметководителите кои ќе ја водат дигиталната трансформација со знаење, интегритет и самодоверба“ – истакна Прентоска.
Во обраќањето, таа потенцираше дека ИСОС активно инвестира во дигитални компетенции, и современи програми на обука, со цел професионалците да бидат подготвени за новите пазарни и регулаторни барања.
Конференцијата овозможи продлабочување на соработката меѓу ИСОС и IKM, особено во областа на модернизацијата на стандардите, квалитетот на професионалните услуги и заедничките регионални иницијативи. ИСОС ќе продолжи да придонесува во унапредување на професијата и во градење на силни партнерства во регионот.
Скопје, ноември 2025
Со почит,
ИСОС
ИСОС



