Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) оствари продуктивна и инспиративна средба со деканката на Економскиот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, проф.д-р Букурие Имери – Јусуфи и група од 20 студенти од овој факултет.
Во рамки на посетата, претседателката Весна Прентоска и стручната служба на ИСОС го презентираа работењето на Институтот, мисијата и улогата на сметководствената професија, како и актуелните професионални стандарди и етички принципи кои ги водат овие процеси. Студентите се запознаа со можностите за практична работа во сметководствени бироа и компании, како важен чекор кон нивниот професионален развој.
Посетата претставува активност во рамки на зајакнување на соработката меѓу ИСОС и високoобразовните институции. Во таа насока, Институтот во наредниот период ќе потпише Меморандум за соработка со Економскиот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“, со што ќе се отвори можност за континуирана размена на знаење, вклучување на студентите во професионални програми и заеднички активности од интерес за професијата и академската заедница.
ИСОС останува посветен на поддршка на младите таленти и на јакнење на врските со универзитетите со цел создавање силна, модерна и атрактивна сметководствена професија.
Скопје, ноември 2025




