Почитувани,
Во рамките на Меморандумот за соработка со Македонска берза, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) учествуваше во реализацијата на панелдискусијата на тема: „Пред и после 2025-та – влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување и ревизија“, што се одржа во склоп на 24-тата годишна конференција на Македонска берза.
Панел-дискусијата ја модерираше претседателката на ИСОС, Весна Прентоска, која истакна дека примената на меѓународните сметководствени стандарди претставува столб за довербата и транспарентноста на домашниот пазар. Дискусијата беше насочена кон споделување на искуства, реални практики и примена на стандардите, како и нивното влијание на пазарот. Во дебатата активно учествуваа: Драган Давитков PwC, Драган Димитров БДО
Македонија, Горан Тиловски Македонски Телеком, Коста Костадиновски, Капитал Ассет
Менаџмент.
Учесниците се согласија дека донесувањето на ажурираните меѓународни стандарди
претставува позитивен чекор што заслужува поддршка. Сепак, тие потенцираа дека целосната и
доследна примена на стандардите е клучна за обезбедување квалитетно финансиско известување, поголема транспарентност и полесна предвидливост на финансиските планови, што директно ќе придонесе за подобра конкурентност на домашните компании.
Со почит,
ИСОС
ИСОС
Скопје, 30 септември 2025