ИСОС потпиша два нови меморандуми за соработка

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) продолжува со проширување на партнерствата со релевантни организации и институции преку потпишување на два нови меморандуми за соработка – со Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ-ФОН) и со Комората на вештаци на Република Северна Македонија.
Соработка со АУЕ-ФОН: Едукација и практична поддршка за идните професионалци
Меморандумот со Американскиот универзитет на Европа – ФОН е насочен кон продлабочување на соработката во доменот на едукацијата, стручната обука и развојот на практични вештини. Тој претставува втор Меморандум од ваков тип, кој ИСОС го склучува со образовна институција, а во насока на зголемување на атрактивноста на професијата и нејзино доближување до студентите. Договорот опфаќа заедничка реализација на:
Соработка со Комората на вештаци: Јакнење на професионалните капацитети
Вториот меморандум, потпишан со Комората на вештаци, има цел да обезбеди заедничко делување во областа на сметководството, судското вештачење и стручната обука. Клучните аспекти од оваа соработка вклучуваат:
Со овие иницијативи, ИСОС ја потврдува својата заложба за градење партнерства кои придонесуваат кон квалитетен професионален развој, етичко и стандардизирано работење и континуирана едукација на сметководителите.
Со почит,
ИСОС
Скопје, мај 2025
Previous Еднодневна обука за КПУ – Јуни БР. 03/2025 – 8 часови
Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.