ИСОС и Универзитетот на Југоисточна Европа потпишаа Меморандум за соработка

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) потпишаа Меморандум за соработка, со цел унапредување на професионалниот развој и зајакнување на поврзаноста меѓу академското образование и сметководствената практика.

Меморандумот го потпишаа претседателката на ИСОС, Весна Прентоска, и ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими.

Посебен фокус на соработката е практичното оспособување на студентите и нивното запознавање со сметководствената професија. Меморандумот предвидува можности за практична настава и стажирање на студентите од Факултетот за бизнис и економија при УЈИЕ, со менторска поддршка од ИСОС. Предвидено е и ангажирање експерти од Институтот во наставниот процес преку стручни предавања и практични обуки, со што студентите ќе можат поблиску да се запознаат со задачите и предизвиците во секојдневното професионално работење.

Соработката опфаќа и размена на стручна и научна експертиза, организирање заеднички конференции, семинари, курсеви и обуки, како и реализација на истражувања во области од заеднички интерес. Преку учество на Саемот за кариера на УЈИЕ, се предвидува дополнително поврзување на студентите со професионалната заедница и можностите за кариерен развој.

Во рамките на партнерството е предвидена и соработка за унапредување на студиските програми во согласност со реалните потреби на професијата, како и експертска поддршка од Универзитетот при подготовка на стратешки, плански, програмски и нормативни документи од интерес на ИСОС.

Со ова партнерство, ИСОС ја зајакнува соработката со академската заедница и создава основа за поголемо вклучување на професионалната експертиза во образованието на идните кадри. Целта е младите да стекнат практични знаења и вештини што ќе им помогнат во професионалниот развој, а образованието и сметководствената практика да се поврзат преку заеднички активности.

Со почит,
Скопје, октомври 2026
ИСОС

Previous ПРОГРАМА ЗА ТРОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ КПУ БРОЈ 3/1 2026 – НОЕМВРИ 2026 ГОДИНА (16 КПУ ЧАСОВИ)

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

ИСОС © 2026. Сите права задржани.