Интервју за Блумберг Адрија: Членството на ИСОС во CFE – европска перспектива за македонската сметководствена професија

Зачленувањето на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) во европската организација CFE Tax Advisers Europe и клучните придобивки од ова стратешко партнерство беа во фокусот на интервјуто за Bloomberg Adria со Александар Ивановски, член на Управниот одбор на ИСОС, и Александар Ивановски, извршен директор на CFE.
Соговорниците нагласија дека станува збор за значаен чекор за унапредување на македонската сметководствена професија и за активно доближување кон европските практики, стандарди и регулативи
„Со членството во CFE, македонските сметководители добиваат европски глас во организација која обединува 30 земји и над 200.000 професионалци. Преку членството создадени се услови и за влијание, но и за доближување на европската регулатива во земјата, а истовремено се овозможува пристап до обуки, ресурси и мрежа на европски партнери за размена на искуства и едукација. Од исклучителна важност е што сметководителите, со евидентирањето во регистарот на CFE, стануваат признаени во европски рамки“ – потенцираше Александар Ивановски, член на Управниот одбор на ИСОС
Свој став даде и Александар Ивановски, извршен директор на CFE, кој истакна дека ова членство претставува системски исчекор за целата професионална заедница во Северна Македонија и овозможува вклучување во процесите на европско усогласување уште пред формалното членство на земјата во Европската Унија.
„Членството на ИСОС во CFE претставува значаен чекор за македонските сметководители. Оваа соработка овозможува Северна Македонија да биде чекор напред во процесот на усогласување со европските стандарди уште пред формалното членство во Европската Унија. Етичките стандарди и транспарентноста што ги промовираме се клучни за создавање стабилна деловна клима и за привлекување на нови инвестиции. Дополнително, континуираната едукација и активно учество на македонските професионалци во европските форуми ќе бидат од суштинско значење за нивниот понатамошен развој и меѓународно позиционирање“ – истакна Александар Ивановски, извршен директор на CFE
Целото интервју може да го погледнете тука
Скопје, 8 октомври 2025
Previous ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди
Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.