Делегација на ИСОС предводена од претседателката Весна Прентоска, учествуваше на работилница за обучувачи „Прилагодување на сметководствените рамки за малите и средни претпријатија и ажурирање на МСФИ стандардот за малите и средни претпријатија“, која се одржа на 3 и 4 декември 2025 година во Виена, во организација на Центарот за финансиско и одржливо известување (CFRR) при Групацијата на Светска банка.
Настанот беше посветен на најновиот развој во финансиското известување за малите и средните претпријатија (МСП) во Европа, како и на третото издание на МСФИ стандардот кој се однесува на малите и средни претпријатија, а кој ќе стапи во сила на 1 јануари 2027 година.
Работилницата имаше за цел да ја зајакне експертизата на професионалните организации и обучувачите во областа на стандардите за МСП, преку технички сесии и обука за тренери (Training of Trainers) презентирани од експерти од IFRS Фондацијата.
На конференцијата учествуваа претставници од 11 земји од регионот, меѓу кои и Северна Македонија, во рамки на програмите REPARIS за МСП и EASSURE, поддржани од Европската унија и од институциите од Австрија и Швајцарија.
Учеството на ИСОС претставуваше значајна можност за продлабочување на меѓународната соработка и унапредување на професионалните стандарди во сметководствената професија.
Скопје, декември 2025
Со почит,
ИСОС
ИСОС



