ИСОС на две значајни меѓународни конференции за унапредување на сметководствената професија

Претставници на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) земаа активно учество на две истакнати меѓународни конференции од областа на сметководството и ревизијата, организирани во мај 2025 година.
На 29 мај 2025 година, ИСОС присуствуваше на Меѓународната конференција за ревизија во Тирана, организирана од Институтот на овластени ревизори на РСМ, Здружението на внатрешни ревизори на РСМ и Албанскиот институт на овластени ревизори (IEKA), каде што беа отворени теми поврзани со иднината на ревизорската професија, со посебен фокус на дигитализацијата, одржливоста и улогата на професионалните организации.
Истовремено, од 29 до 31 мај 2025 година, ИСОС учествуваше и на Јубилејниот X Меѓународен симпозиум на сметководители и ревизори на Црна Гора во Улцињ, организиран од Институтот на сертифицирани сметководители на Црна Гора (ISRCG), со поддршка на Светска банка и Министерството за финансии на Црна Гора. Симпозиумот се фокусираше на теми како што се реформите во финансиското известување, примената на стандардите за одржливост и дигиталната трансформација во јавниот сектор.
Учеството на овие конференции е дел од континуираните активности на ИСОС за унапредување на професионалните знаења, регионалната соработка и усогласувањето со меѓународните стандарди.
Previous КПУ обука бр.2/2025, во коорганизација на Конто Профит и Глобал Гроуп Консалтинг
Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.