Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Здружението на внатрешни ревизори на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со што воспоставија значајно партнерство насочено кон јакнење на сметководствената професија во земјата.
Преку оваа соработка, двете организации ќе работат заеднички на:
- организирање на обуки и едукативни настани;
- размена на стручни искуства и добри практики;
- обезбедување професионална поддршка и насоки за членовите;
- промоција на стандардите и континуираниот професионален развој.
Овој чекор претставува важна иницијатива за создавање посилна, усогласена и професионално ориентирана сметководствена и ревизорска заедница. Очекуваме ова партнерство да придонесе за нови можности, подобрување на стручноста и вредни ресурси за сметководителите, овластените сметководители и пошироката јавност.
ИСОС продолжува со проширување на мрежата на партнерства и соработки на национално и меѓународно ниво во насока на зајакнување на сметководствената професија.